МАКЕДОНИЈА СКОКНА 10 МЕСТА ПОНАПРЕД НА ЛИСТАТА НА ДЕМОКРАТИЈА НА „ЕКОНОМИСТ“ Мицкоски ја соопшти добрата вест

Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на демократија.

154

Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 место на листата, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

„Зад Македонија, напиша Мицкоски, се најдоа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место. Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на демократија. Продолжуваме заедно да работиме и да ја нормализираме државата. Македонија ќе биде повторно ваша!“ напиша во објавата Мицкоски.






Поврзани содржини