МАКЕДОНИЈА ШЕСТА ВО СВЕТОТ ПО ГРИНФИЛД ИНВЕСТИЦИИ Обединетите Арапски Емирати се на врвот на списокот

Зад Македонија се: Босна и Хрцеговина (7 место), Србија (8 ).,Бугарија е на (19) додека Хрватска е на  20 место, а Словенија се најде на 79 место.

516

Земјава е највисоко рангирана од земјите во Европа според индексот на гринфилд странски директни инвестиции (Greenfield FDI Performance Index) за 2025 година  кој го пресметува (FDI Intelligence) истражувачки оддел на „Фајненшл Тајмс“. Индексот покажуваа колку странски инвестиции привлекле земјите во однос на нивниот БДП.

Македонија е рангирана на шесто место во светот со индекс од 5,37. На првото место на листата се Обединетите Арапски Емирати, на второто место е Намибија, а на третото Костарика.






Зад неа е Босна и Хрцеговина (7 место), Србија (8 ), Бугарија е на 19 место додека Хрватска е на  20 место, а Словенија на 79 место.

 

„Со население од помалку од 2 милиони жители и номинален БДП за 2024 година од околу 16 милијарди долари, оваа земја од Западен Балкан е пример за нација која се справува со својата тежина кога станува збор за привлекување странски директни инвестиции“, се наведува во текстот посветен на земјава.

Во него,покрај другото, се наведува дека за позицијата е заслушна најавената инвестиција во ветерен парк со јачина од 400 мегавати на „Алказар Енерџи“.

„Земјата традиционално примала странски директни инвестиции во производството и деловните услуги, но во 2024 година се случи нова голема инвестиција во енергетскиот сектор што би можела да го продлабочи нејзиниот инвестициски потенцијал во наредните години. Фондот за обновлива енергија „Алказар Енерџи“ со седиште во Дубаи објави ветерна фарма од 400 мегавати во Штип, 75 км јужно од главниот град Скопјe, во јуни минатата година. Вкупната инвестиција се очекува да достигне 500 милиони долари.Проектот стигна до фаза на подготвеност за изградба и се очекува да започне кон крајот на годината“, се наведува во текстот.

Поврзани содржини