МАКЕДОНИЈА СЕ ИСКАЧИ НА ТРЕТО МЕСТО ПО СМРТНОСТ ОД КОРОНА Во цел свет, само Босна и Херцеговина и Перу се полоши од нас
Првак по смртност во светот е Перу, на второто место е Босна и Херцеговина, па Македонија на третото, а четвртото и петтото место им припаднаа на Унгарија и на Црна Гора.
Македонија вчера се искачи на третото место од вкупно 223 земји и територии во светот според бројот на починати од почетокот на пандемијата со коронавирусот, сметано на милион жители.
Како што може да се забележи на табелата на „WorldMeter“, во земјава се заведени 3.139 смртни случаи на милион жители, односно вкупно 6.539 загубени човечки животи од почетокот на пандемијата.
Првак по смртност во светот е Перу, на второто место е Босна и Херцеговина, па Македонија на третото, а четвртото и петтото место им припаднаа на Унгарија и на Црна Гора.
И професорот Дејан Трајковски преку Фејсбук алармираше за високата позиција на земјава според смртноста од коронавирусот.
„Македонија се искачи на третата позиција од 223 земји и територии во светот според најстрашниот параметар на епидемијата, кумулативниот морталитет (вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата, сметано на милион жители). Дури ни нереално високиот број на жители, 2,08 милиони, многу не ни помогна да го спуштиме рејтингот. Ова е главното мерило на ’успехот‘ на КЗБ, МЗ и владата во справувањето со епидемијата на ковид-19 во земјава. За три дена го очекуваме месечниот билтен на ДЗС со најновите податоци за одвишната смртност. Ќе имаме што да видиме“, напиша професорот Трајковски.
