МАКЕДОНИЈА СЕ БРАНИ ВО УКРАИНА Отворена е македонската амбасада во Киев

За време на својата посета во Киев, министерот Османи повторно ја отвори амбасадата на Република Македонија во Украина.

202

При денешната посетата на Киев, Украина, министерот за надворешни работи на Македонја Бујар Османи, оствари средба со својот домаќин, Дмитро Кулеба, а централна тема на разговорите беше руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко.

Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност.






– Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина, и Украина ја заслужува сета почит, помош и поддршка поради тоа“ изјави Османи, појаснувајќи дека државата од почеток се приклонила кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација – истакна Османи.

За време на својата посета во Киев, министерот Османи повторно ја отвори амбасадата на Република Македонија во Украина.

Поврзани содржини