МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО НА „ОЛД ТРАФОРД“ Англија ќе ги нагости нашите фудбалери на стадионот на Манчестер Јунајтед

Овие две репрезентации веќе одиграа еден натпревар на стадионот на Манчестер Јунајтед, кој заврши без голови 0-0. Првиот меч на овие две селекции беше на „Сент Мери“ во Саутемптон, и истиот заврши 2-2.

159

Англија ќе ја пречека Македонија на легендарниот „Олд Трафорд“ во квалификациите за пласман на ЕВРО 2024, објави фудбалската федерација на „Гордиот Албион“.

Натпреварот е закажан за 19 јуни 2023 година и единствено нашата земја ќе игра на стадионот на Манчестер Јунајтед, додека другите репрезентации со кои идната ќе ги одмери силите „Гордиот Албион“ против Украина, Италија и Малта ќе се играат на „Вембли“.






Овие две репрезентации веќе одиграа еден натпревар на стадионот на Манчестер Јунајтед, кој заврши без голови 0-0. Првиот меч на овие две селекции беше на „Сент Мери“ во Саутемптон, и истиот заврши 2-2.

 

Како што е веќе познато, Македонија во квалификациската група за ЕВРО 2024 за противници ги доби Англија, Италија, Шкотска, Малта и Украина.

Нашите фудбалери првиот натпревар од квалификациите ќе го одиграат на домашен терен на 23 март 2023 ни гостува Малта, потоа сме домаќини на Украина на 16 јуни, а три дена подоцна ќе настапиме на „Олд Трафорд“ против Англија. На 9 септември во Скопје доаѓа Италија, на 12 истиот месец патуваме за Малта, а два дена подоцна треба да играме со Украина нагости. Македонија ги завршува квалификациите со два тешки натпревари, првиот против Италија на 17 ноември, а како последен е гостувањето на „Гордиот Албион“ во Скопје на 20 ноември.

Поврзани содржини