МАКЕДОНИЈА ПОУСПЕШНА ОД ГРЦИЈА Победа на македонските ракометари во контролниот натпревар пред ЕП 2024

Македонија вечерва во Скопје ја победи Грција со 33-30, во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции кои се подготвуваат за настап на претстојното Европско првенство во Германија.

543

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва во Скопје ја победи Грција со 33-30, во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции кои се подготвуваат за настап на претстојното Европско првенство во Германија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров со серија од 6-1 во финишот на првото полувреме заминаа на пауза со предност од три голови (18-15).






Продолжението на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ донесе многу поквалитетна игра на македонските ракометари, кои во 44 минута имаа највисока предност од плус седум голови разлика (26-19).

Најефикасен во редовите на „црвено – жолтите“ беше Милан Лазаревски со осум голови, додека Никола Митревски на голот запиша осум интервенции.

Вториот дуел меѓу репрезентациите на Македонија и на Грција ќе се одигра утре, исто така, во Скопје, но за разлика од денешниот, ќе биде затворен за јавноста.

Македонската репрезентација в понеделник патува за Германија, а на 10-ти овој месец против Франција во Дизелдорф официјално ќе го отвори Европското првенство.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на 12 јануари во Берлин ќе игра против домаќинот Германија, а два дена подоцна ќе го заокружи настапот во групата А  со дуелот против Швајцарија.

Поврзани содржини