МАКЕДОНИЈА ПОРАЗЕНА СО 1:0 ВО ИГРА СО ИГРАЧ ПОМАЛКУ Бугарија победи со голот на Десподов

По овој пораз Македонија спадна на третата позиција во групата, Бугарија е на второто место, прва е Грузија, а последен Гибралтар.

217

Македонската фудбалска репрезентација со 1-0 беше поразена вечерва од Бугарија во последниот меч од Лигата на нации. Во 14. минута македонската репрезентација остана со играч помалку, откако Тодор Тодороски доби црвен картон.

Македонските навивачи направија жешка атмосфера на Арената „Тодор Проески“, на која имаше повеќе од 20.000 навивачи.






И покрај тоа што играше со фудбалер помалку, Македонија беше рамноправа, а на моменти имаше доминација на теренот. Првата посериозна закана ја имаше Ристовски, кој шутираше силно од далечина, но голманот Наумов го одбрани неговиот удар.

По пет минути игра во второто полувреме, брз контра напад на Бугарите кој го реализираше Марин Десподов за водство од 1-0. Набрзо потоа Бугарија можеше да ја зголеми предноста, но шутот на Недјалков, Бејтулаи го исфрли од гол линијата.

Во 62. минута Македонија имаше голема шанса да израмни, по центаршут на Спировски, Алиоски биеше, но бугарските фудбалери ја исфрлија топката од гол линија. Во тој период Македонија вршеше силен притисок врз бугарскиот гол, но не успеаа да постигне погодок.

На десет минути пред крајот Алиоски имаше уште една шанса, но неговиот шут заврши крај голот на Бугарија.

Во самиот финиш од мечот се случи и инцидент кој го почнаа Барди и Кирилов, а се вклучија многу фудбалери од двете екипи, но мешаницата беше брзо расчистена. Последната шанса да избегнеме пораз ја имаше Дориев, но Наумов го одбрани неговиот удар.

По овој пораз Македонија спадна на третата позиција во групата, Бугарија е на второто место, прва е Грузија, а последен Гибралтар.

Поврзани содржини