Македонија, по кој знае кој пат, ѝ брцнува в очи и се поигрува со големата мечка – НР Кина!?

Јас не знам дали италијанска „Ла Верита“ е добро информирана кога тврди дека зделката одела преку фирмата „Стабри интернешнл“ (Starbi International) од Хонг Конг, основана во 2017 година, без информации за бројот на вработени и без медицинско ниту фармацевтско портфолио.

2,854

Ако не знаел министерот за здравство Филипче, македонската дипломатија морала да знае дека искористувањето на Хонк Конг, како дестинација за правење на алаш-вериш бизниси, сè уште, е голема навреда за официјален Пекинг, сеедно што овој град – држава, поранешна британска колонија, со децении, официјално, е под кинеска јурисдикција.

Хонк Конг е „портата на НР Кина кон капиталистичкиот свет“ (не дека е таа социјалистичка: „не е важно дали мачката е бела, или црна, вашно е да фаќа глувци!“), но, истовремено, Макао и Хонг Конг, за Кинезите, се „разгаленото дете“, кое, ако веќе Пекинг мора да го трпи за стотиците милијарди долари, не мора и за некаков ситниш од Македонија.






Нашите здравствени власти морале да прочитаат за новата кованица: „здравствениот пат на свилата“ (Frankfurter Allgemeine Zeitung), дека кинеските дипломати по светот, во својот багаж, носат контингенти вакцини!  Една голема сила, едноставно, не дозволува експерименти и импровизации.

Јас не знам дали италијанска „Ла Верита“ е добро информирана кога тврди дека зделката одела преку фирмата „Стабри интернешнл“ (Starbi International) од Хонг Конг, основана во 2017 година, без информации за бројот на вработени и без медицинско ниту фармацевтско портфолио.

Можеби била користена и некоја друга дестинација. Можеби, токму Американска Самоа – првата на листата од земјите даночни раеви (според „Ројтерс“, направена од официјален Брисел): Бахреин, Барбадос, Гренада, Гуам, Јужна Кореја, Макао, Маршалски острови, Монголија, Намибија, Палау, Панама, Света Луција, Самоа, Тринидад и Тобаго, Тунис, Обединетите Арапски Емирати…

MMФ проценува дека државите ширум светот, годишно губат околу 600 милијарди долари ненаплатен данок, поради практиката, корпорациите да ги избегнуваат оданочувањата, преку даночните раеви.

Мегународниот конзорциум на истражувачки новинари, во соработка со германскиот „Süddeutsche Zeitung“, не просветлува дека многумина мангупи од Балканите, веќе се извештиле во таа практика и дека стојат рамо, до рамо со светските босови. Ако Србите ги имаат еден Синиша Мали, или Ненад Поповиќ (министри во Владата), кои се поврзуваат со Британските Девствени Острови, или Кипар (истражувања на белградскиот портал „Крик“), тогаш, зошто, ние, да речеме, од Охрид, или од Македонија, да сме покусо!?

Можам и да не и верувам на италијанска „Ла Верита“,  но, она што можам да го знам, или да го претпоставам, е дека зад посредувањето, можела да стои фирма, односно човек, кој, веќе, се испробал на тие и такви бизниси, тука во Македонија, со слични афери, како што е онаа со парите од „Телекомот“ и слични на истата.

Не исклучувам и некаква охридска врска!? Ако пак сакате полесно, и без мака,  да ја дешифрирате „направијата“, тогаш побарајте некој од олеснувачите! Истите оние, кои дебело не олеснија со апла – кражбите од државниоит буџет, а сега, дополнително, не олеснуваат преку дипломатијата, со своите совети, или, пак, преку своите врски!

Колку и да биле добри намерите на ресорниот министер, „дешавката“ со Хонг Конг, односно Макао, (ако и воопшто бил тој град платформата за кенгурскиот скок до „Синофарм“!?), Бујар Османи требало да му каже дека, најновата авантура е само уште едно, во серијата поигрува и брцнува в очи на големата мечка – НР Кина!?

Ќе наведам неколку. Првата беше со милијардата на Циле (Васил Тупурковски) од времето на владата на Љупчо Георгиески. Потоа, следеше „дешавката“ со провизиите од времето на владата на Никола Груевски кога, со нашата лакомост и непотребната преголема јавност, на некој, начин ја посрамотивме Кина. Ќе наведам еден пример и од времето кога во фотељата на претседателскиот кабинет се топлеше Бранко Црвенкоски, a на кој бев личен сведок и актер.

Во посета ни беше заменик министер за информации на НР Кина. Кина, во дипломатските контакти, не ги дели земјите на големи и мали – се однесува подеднакво. Протоколот, усогласен со кинеската амбасада во Скопје, предвидуваше прием во Владата (кај потпретседателката Шекеринска), посета на Скопско кале и на МРТВ, од времето на Гордана Стошиќ и на крајот – прием кај претседателот Црвенкоски.

Премударата, широкообразованата и бескрајно посветената Наташка, шефицата на Кабинетот и Шефот, се јави на половина час пред приемот, за да го откаже, оти „ќе оделе во американската амбасада, заеднички, да му се порадуваат на признавањето на Република Македонија, под нејзиното уставно име, од страна на САД“!!!

Вие, сега, сами размислувајте – колку ми беше широк просторот за да му го објаснам тоа  на заменик-министерот и на амбасадорот на НР Кина. Се што можев да направам, беше да ја донесам делегацијата во мојот Охрид и, колку толку, да го спасувам образот – мој и на мојата сопствена земја.

Или, пак, ако така милувате, подоцна, да го истрпам следното: мило за драго, кое може да биде и те како добро наравоучените и за нашите медицински власти и нашата дипломатија?

Со Кинескиот амбасадор во Скопје, подготвувавме возвратна посета на делегација македонски новинари. Домаќините, како дестинации ни ги предложија Пекинг и Шангај. Арно, ама, на некои од групата, поексклузивно им звучеше Хонк Конг!  Амбасадорот, кој добро говореше македонски (беше дојден од Софија – ова колку да му го подигнам моралот на Каракачанов!), дипломатски го одбиваше предлогот. Ние не знаевме зошто, бевме упорни, а научивме таму, кога не однесоа само до Шенген – одспротива на континенталниот дел од  НР Кина, тука не истоварија со зборовите: „одовде натаму снаоѓајте се сами“!?

Затоа, другарки и другари, дами и господа, не се поигрувајте со големата мечка – НР Кина.

Поврзани содржини