МАКЕДОНИЈА ПОД УДАР НА ХИБРИДЕН НАПАД Тошковски потврдува дека се постапува, но не откри детали

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски предупреди на хибридни закани во Македонија и потенцира дека институциите преземаат мерки, но деталите засега се класифицирани за јавноста.

1,501

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски предупреди дека во последните неколку месеци Македонија е изложена на хибридни напади кои загрозуваат витални точки на државата. Според него, МВР веќе презема мерки, но засега не може да сподели конкретни информации со јавноста.

– Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци. Од повеќе страни и на повеќе полиња се загрозени одредени витални точки во државата. Тоа сите го гледаме – и граѓаните, и институциите, и новинарите – изјави Тошковски, додавајќи дека МВР активно постапува во насока на заштита.






На прашањето дали постојат нови траги или осомничени поврзани со т.н. центри на моќ за кои се шпекулира дека стојат зад неодамнешните пожари, министерот одговори кратко: – Да, имаме – но не откри дополнителни детали.

Тошковски беше дециден дека во моментот не може да објави повеќе информации, со образложение дека тоа би можело да ја загрози истрагата. Изјавата ја даде по завршувањето на 16-та меѓународна научна конференција „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“, организирана од Факултетот за безбедност во Скопје.

Поврзани содржини