МАКЕДОНИЈА ОТВОРЕНА САМО ЗА ВАКЦИНИРАНИ, ПРЕЛЕЖАНИ И НЕГАТИВНИ На граница или ПЦР или карантин
За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата по 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан вирус ќе се одреди мерка карантин од 7 дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Од 1 септември домашните и странските државјани ќе можат да влезат на територијата на Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат, потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина, сертификат, потврда за прележан ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, или со медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во земјава, одлучи Владата на денешната седница.
За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата по 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан вирус ќе се одреди мерка карантин од 7 дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата