МАКЕДОНИЈА ОДИ НА ЕВРОПСКО! Избраниците на Лазаров ја преслушаа Литванија

По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија го освои второто место во групата и обезбеди пласман на континенталниот собир.

663

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година.

По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија го освои второто место во групата и обезбеди пласман на континенталниот собир.






Нашата репрезентација одигра одлично второ полувреме и го оправда фаворитскиот стаус и донесе голема радост на навивачите во земјава.

Најефикасни кај „жолто-црвените“ со по пет гола беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов. Томовски пак запиша 10 интервенции.

Поврзани содржини