📽️ МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕЗАВИСНА И СУВЕРЕНА ДРЖАВА Шешељ вели дека нашата држава е под принудна управа
Прифатија дека Албанците се конститутивен народ, премиерот е Албанец, си го сменија името и прават многу други отстапки, вели Шешељ во гостувањето на ТВ Хепи.
Лидерот на Српската радикална странка, кому му се судеше во Хаг за воени злосторства, Војислав Шешељ, вели дека во Србија никогаш нема да се прифати преодна или техничка влада по примерот на Македонија бидејќи Македонија не е независна држава во целост.
– Не можеме да се угледаме на Македонија бидејќи не е независна и суверена држава во вистинска смисла. Таа е под принудна управа на Америка и западните сили кои ги принудија да прифатат нешто што во нормални околности не би прифатиле. Прифатија дека Албанците се конститутивен народ, премиерот е Албанец, си го сменија името и прават многу други отстапки. Ние дојдовме во слична состојба после 5 октомври кога Американците ги финансираа и учестуваа во мафијашкиот преврат – изјави Шешељ за ТВ Хепи.