МАКЕДОНИЈА НАМАЛУВА ОКОЛУ 4.200 ТОНИ ЕМИСИИ НА ЈАГЛЕРОД Први резултати од механизмот за зелено финансирање

Министерката финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на тркалезна маса на Меѓународната конференција за финансирање и развој што се одржува во Севиља (Шпанија) рече дека прекудосегашната примена на овој механизам ќе се заштедат повеќе од 18.000 гигават часови електрична енергија.

102

Македонија ќе намали околу 4.200 тони јаглерод диоксид и ќе заштети повеќе од 18.000 гигават часови енергија само од досегашната примена на механизмот за зелено финансирање, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на тркалезна маса на Меѓународната конференција за финансирање и развој што се одржува во Севиља (Шпанија).

-Поддржани се 57 проекти на мали и средни претпријатија со инвестиции над 15,5 милиони долари, кои ќе донесат заштеди на енергија од 17.828 GJ и ќе намалат емисии од речиси 4.000 тони CO₂. Поддржани се и 58 ранливи домаќинства, со инвестиции од 370.000 долари, кои резултираат со годишни заштеди од 621 MWh и намалување на емисии од 192 тони CO₂. Дополнително, проектите директно придонесуваат за намалување на аерозагадувањето (PM2.5 и PM10), што значи поздрава животна средина за граѓаните – Димитриеска-Кочоска.






Таа рече и дека Механизмот за зелено финансирање (Green Finance Facility – GFF), не е само финансиски инструмент.

-Тоа е катализатор на трансформација кој овозможува реални, инклузивни и мерливи промени во заедниците – рече Димитриеска-Кочоска.

На конференцијата беше подвлечено дека моделот на комбинирано финансирање – преку мобилизација на јавен и приватен капитал, техничка помош и стимулации врз основа на перформанси – ја намалува финансиската неизвесност и овозможува поширок пристап до инвестиции што се климатски паметни и социјално одговорни.

-Нашата визија за зелена транзиција е праведна, инклузивна и насочена кон најранливите. Никој не смее да биде изоставен- рече таа.

Димитриеска-Кочоска рече и дека Македонија е посветена на проширување на овој модел и ги повика меѓународните партнери да се приклучат во зголемувањето на неговиот опфат и влијание.

-Заедно можеме да мобилизираме капитал, иновации и солидарност неопходни за забрзување на зелената транзиција – рече Димитриеска-Кочоска.

Поврзани содржини