МАКЕДОНИЈА НАЈУБАВО СЕ ГЛЕДА ОД ВРВОТ МАГАРО Мицкоски од Галичица повика на промени

Нашата Македонија која бара промени, народот кој ја делегитимираше Владата и Македонија која е на нозе! Одиме до крај затоа што е премногу! Промени, порача Мицкоски.

397

После историскиот митинг на кој се случи народ, утринава на врв на Галичица – Магаро 2255 мнв, од каде најубаво и најшироко се гледа татковината, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски, еден ден по протестот на неговата партија одржан пред Владата на Република Македонија.

„Нашата Македонија која бара промени, народот кој ја делегитимираше Владата и Македонија која е на нозе! Одиме до крај затоа што е премногу! Промени!“, додаде Мицкоски.






Според изворите од ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот митинг се насобрале повеќе од 80.000 граѓани.

Поврзани содржини