МАКЕДОНИЈА НА ЦРНАТА ЛИСТА Заборавете на патувањата во земјите од ЕУ

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно неесенцијални патувања во ЕУ.

4,213

Растот на бројот на новозаразени со коронавирус последниве недели ја враќа Македонија на „црната листа“ за патување во ЕУ. Веста за агенцијата Ројтерс ја потврдиле двајца дипломати на Унијата, пренесе Дојче веле.

Меѓу земјите за кои ќе се вратат ограничувањата се и САД, Косово, Израел, Црна Гора и Либан.
Процедурата за одлуката започнала вчера, а се очекува да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира.






Ткн. „листа на безбедни земји“ на која се најде и Македонија беше усвоена од ЕУ на 15 јули годинава и на неа се најдоа 23 држави.

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно неесенцијални патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето.

Поврзани содржини