МАКЕДОНИЈА МОРА ДА СТАНЕ ДРЖАВА СО НАЈНИСКИ ДАНОЦИ НА ПРОФИТ ВО СВЕТОТ Можеме да донесеме големи светски компании, убеден е Мицкоски

„Со намалување на данокот на профит, целта ни е МНР, кое ќе прерасне во министерство за надворешни работи и надворешна трговија, да врши промоција на Македонија во Европа и светот како држава со најниски даноци на профит“, изјави лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

205

Со намалување на данокот на профит целта ни е преку Министерството за надворешни работи и Секторот за надворешна трговија, кој ќе биде од Министерството за економија дополнет во Министерството за надворешни работи, кое ќе прерасне во министерство за надворешни работи и надворешна трговија, да врши промоција на Македонија ширум Европа и светот како држава со најниски даноци на профит, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Македонски Брод која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!”.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека дека голем дел од светските компании своите профитни центри ќе ги донесат токму тука во Македонија, а со тоа ќе биде збогатено и портфолиото на Македонија во делот и на банкарскиот сектор.






„Она што планираме да го направиме е за секоја компанија, за секој профитен центар кој во Македонија ќе пријави профит до 20 милиони евра, данокот да биде ист како сега, 10%,  а доколку се реинвестира тој профит, тогаш данокот да биде 0%“, рече Мицкоски.

Колку ќе биде данокот ќе зависи од висината на пријавениот профит во Македонија, рече Мицкоски и објасни:

„На пример, за пријавен профит тука во Македонија во висина од 20 до 30 милиони, данокот ќе биде 8%, од 30 до 50 милиони евра 6%, а над 50 милиони евра ќе биде 5%. Цениме дека Македонија ќе биде атрактивна дестинација голем број мултинационални светски компании своите профитни центри да ги донесат тука во Македонија и токму тука да го продолжат бизнисот“, кажа Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека ако компаниите го реинвестираат профитот тука, тогаш данокот за таква реинвестирана добивка, за тој реинвестиран профит, треба да биде 0%.

 

Поврзани содржини