МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ГИ СМЕНИ И ДЕНАРИТЕ Пак ли ќе се чудиме што нѐ снајде со Северна?

1,944

Според Договорот од Преспа, Македонија има обврска за промена на книжните и кованите пари, но крајниот рок зависи од отворањето на ЕУ поглавјето – економска и монетарна унија.

Како што појаснува вицегувернерката Емилија Нацевска, Македонија се уште го нема отворено тоа поглавје, па во моментов не може да се прецизира и крајниот рок за целосна замена на парите.






– Законска обврска согласно Преспанскиот договор има да и за замена на парите, со тоа што крајниот рок е пред истекот на 5 години од отворањето на релевантното поглавје со ЕУ по ова прашање во рамки на преговарчкиот процес, со оглед на тоа дека ова поглавје се уште не е отворено и крајниот рок не е познат не можеме сега да го прецизираме крајниот рок за целосна замена на парите – изјави Нацевска за телевизија Канал 5.

Промената на парите ќе се врши постепено бидејќи станува збор за долг и скап процес, за што е потребно и навремено планирање на залихите, вели Нацевска и додева дека Народната банка замената на парите ја започнала уште во 2020 година со изданијата на парите од оние апоени каде имало потреба за надополнување на залихите.

– Граѓаните ќе може да вршат замена на парите и по истекот на овој рок непречено и временски неограничено кај централната банка и од тие причини нема потреба од било каква загриженост – изјави Нацевска, вицегувернерка во НБРМ.

Поврзани содржини