МАКЕДОНИЈА КАКО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Ќе ја загубат ли системската предност големите партии?

Пратениците треба да разговараат за можноста Република Македонија да биде една изборна единица, но и за елиминирање на системската предност на четирите најголеми партии.

594

Во Собранието на Република Македонија денеска средба ќе имаат пратеници од повеќе партии во врска со реформите на изборните правила.

Според најавите, меѓу другото, тие треба да разговараат за можноста Република Македонија да биде една изборна единица, но и за елиминирање на системската предност на четирите најголеми партии.






За можноста земјава да биде една изборна единица подолг временски период се залагаат помалите политички партии кои сметаат дека постојниот изборен модел со шест изборни единици не дозволува валоризација на вкупниот број гласови кои ги освојуваат на ниво на цела држава.

Поврзани содржини