МАКЕДОНИЈА ИСПАДНА ОД ЕП Изгуби од Црна Гора со 4 разлика во голови
Последниот натпревар на ЕП 2022, Македонија го игра на 17 јануари. Противник ќе биде селекцијата на Данска
Ракометната репрезентација на Македонија остана без шанси за пласман во следната фаза на Европското првенство (ЕП) откако загуби од Црна Гора (24-28) во рамки на второто коло.
Македонија имаше лош старт, потоа фати приклучок во мечот, а кога требаше да биде најдобра и да направи пресврт повторно ги загуби контрола на теренот.
Најдобар стрелец кај Македонија беше Мартин Велковски со 6 гола од седум обида, пред Цветан Кузманоски со 5 гола, додека Филип Кузмановски и Мартин Серафимов стрелаа по 3 пати.
Кај Црногорците, Милош Вујовиќ и Божо Анѓелиќ имаа по 6 реализации.
Последниот натпревар на ЕП 2022, Македонија го игра на 17 јануари. Противник ќе биде селекцијата на Данска која важи за главен фаворит за златото и воедно беше ривал на нашиот национален тим во квалификациите за овој голем ракометен настан.