МАКЕДОНИЈА ИНФРАСТРУКТУРНО СЕ ТРАНСФОРМИРА Изградени се над 70 километри експресни патишта и автопат
Изградбата на големите патни решенија значително го подобрија и го забрзаа патниот сообраќај, граѓаните побрзо и побезбедно стигнуваат до посакуваната дестинација, а позитивно влијаат и на економијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија интензивно и засилено се гради во сите делови на државата. За една година ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи посветено и како се реализираат крупни капитални инфраструктурни проекти кои ја трансформираат Македонија, соопшти партијата на Христијан Мицкоски.
„Изградбата на големите патни решенија значително го подобрија и го забрзаа патниот сообраќај, граѓаните побрзо и побезбедно стигнуваат до посакуваната дестинација, а позитивно влијаат и на економијата. Така, за една година се завршија и пуштија во употреба над 70 километри експресни патишта и автопат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за една година ги заврши и пушти во употреба двете делници од експресниот пат Градско-Фариш, во должина од 25,7 километри, како и 25,5 километарската делница Страцин-Крива Паланка која е дел од експресниот Куманово-Крива Паланка. Со интензивирање на градежните активности, се изгради и пушти во употреба делницата Врбјани-Ботун долга 20 километри, дел од автопатот Кичево-Охрид, а многу наскоро во употреба ќе биде пуштена уште една делница. Додека пак, до крајот на 2026 година, во употреба ќе биде пуштен целиот автопат. Паралелно со изградбата на овие значајни патишта, засилено се гради и на автопатиштата Тетово-Гостивар и Прилеп-Битола, кои се очекува да завршат и да се пуштат во употреба во 2027 година. Со ова темпо на градење на патишта, во следните неколку години, државата ќе биде поврзана со експресни патишта, а и целосно ќе се заврши и стави во функција автопатската мрежа. Македонија се трансформира и развива, а промените ги гледаат и чувствуваат граѓаните на дело“, се вели во партиското соопштение.