МАКЕДОНИЈА ИМА ЕВРОПСКИ ШАМПИОН Борачот Егоров супериорен во финалето

До големиот успех Егоров ги совлада уште и Никлас Штехеле во четвртфиналето и Манвел Хнџрстјан во полуфиналето. 

182

Русинот со македонски пасош, Владимир Егоров се закити со златен медал на Европското првенство во борење во категоријата -57 кг.

Егоров попладнево во финалето го победи Алијабабас Рзазаде со убедливи 10:0.






До големиот успех Егоров ги совлада уште и Никлас Штехеле во четвртфиналето и Манвел Хнџрстјан во полуфиналето.

Инаку Штипјани имаа можност натреварот да го проследат на видео бим, на Градскиот плоштад „Слобода“. Љубителите на овој спорт, како и членови на БК „Балканец“, клубот за кој настапува Ергоров, и сите присутни ја прославија неговата победата.

Спортската еуфорија штипјани ќе ја продолжат на плоштадот, каде што ќе можат да го проследат и фудбалскиот натревар Португалија- Северна Македонија.

Општина Штип го организира следењето на натпреварот.

Поврзани содржини