МАКЕДОНИЈА, И СÈ Е МОЖНО! Едно школо, двајца директори!?
Од училиштето велат дека именувањето на директор е во надлежност на градоначалникот, освен ако владата не му ја одземе надлежноста, но во случајов тоа не било направено, па министерот го прекршил законот.
Двајца наставници од основното училиште „Блаже Конески“ од Велес во текот на денешниот ден добиле решенија за директори, едниот од градоначалникот Марко Колев, другиот од министерот за образование Јетон Шаќири, објави „А1он“.
Градоначалникот на Велес, Марко Колев изготвил решение за назначување на в.д. директор откако од просветниот и општинскиот инспектор биле утврдени неправилности во постапката за именување на директор на истото училиште. Но исто така и министерот Шаќири изготвил свое решение и именувал „свој“ директор.