МАКЕДОНИЈА И ЧЕТИРИ ЗЕМЈИ ОД БАЛКАНОТ ЌЕ ЛАНСИРААТ САТЕЛИТ?! На проектот работат невладини организации, наводно сателитот ќе ни го подари Индија

Ако трошоците се поделат на петмина, да речеме Црна Гора се занимава со развојот на ракетите, Хрватска со комуникацијата, Србија со горивото, мислам дека ова е идеална шанса и многу ми е драго што се обединивме и може да биде сериозна приказна од сето ова, вели Никола Перковиќ од Црна Гора.

1,071

Пет невладини организации од Македонија, БиХ, Црна Гора, Србија и Хрватска работат на лансирање сателит во земјината орбита, а сателитот ќе го донира Индија во чест на 75-годишнината од својата независност, објави БХРТ, а веста ја пренесоа повеќе балкански медиуми меѓу кои хрватски 24сата, црногорско Ослободување, српски Данас и Слободен Печат. Веста не е уште потврдена, иако видео-прилогот на БХРТ е уверлив.

– Значи, сите сме многу горди што го распределуваме нашето време и што сите имаме иста цел да ја унапредиме и прошириме таа вселенска програма во сите земји од регионот – вели во видеото на БХРТ, Анес Хаџиомеровиќ од Центарот за образование и роботика, иновации и Технологија (CERIT).






Според БХРТ, проектот го води Босна и Херцеговина со партнерите од регионот. Се вели дека БиХ неодамна станала дел од Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа во која влегуваат и Комитетот за развој на вселенската програма од Нови Сад, црногорското вселенско истражување од Подгорица, Јадранската асоцијација за авијација од Загреб и Центарот за иновации и технолошки развој НАВИА од Скопје.

– Ако трошоците се поделат на петмина, да речеме Црна Гора се занимава со развојот на ракетите, Хрватска со комуникацијата, Србија со горивото, мислам дека ова е идеална шанса и многу ми е драго што се обединивме и може да биде сериозна приказна од сето ова – вели Никола Перковиќ од Црна Гора.

Основна цел на сите пет невладини организации, посочуваат соговорниците, е едукација на младите.

Веста предизвика лавина реакции во јавноста, а многу од луѓето се потсмеваат со евентуалната вселенска програма на екс-Југославија.

Поврзани содржини