МАКЕДОНИЈА ГО ПРОДОЛЖУВА ДИЈАЛОГОТ СО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ Се работи на трајно решение на проблемот

Дијалогот со Европската комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската Комисија.

0

Македонија го продолжува дијалогот со Европската комисија за трајно решение на проблемот со превозниците. Во постојана комуникација сме со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи“, соопшти Министерството за транспорт.

„Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем“, се вели во соопштението.






Во него се повторува дека дијалогот со Европската комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската Комисија.

Министерството апелира  да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации во врска со разговорите  кои може да наштетат на дијалогот.

„Особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение“, се наведува во соопштението од Министрството за транспорт.

Поврзани содржини