МАКЕДОНИЈА ВИДЕНА ОД ВСЕЛЕНАТА НАСА објави видео кое ги прикажува убавините на земјата
Во краткиот инсерт можат да се видат Охридското и Преспанското Езеро и природните убавини на Македонија.
Триесетина секунди се доволни за сателит кој ја орбитира Земјата да ја помине и да ја сними Македонија во една живописна глетка на Охридското и Преспанското Езеро и планинските венци. Видео на НАСА кое го сподели македонскиот портал 4news покажува што можат да видат астронаутите од Меѓународната вселенска станица.
Тие ја обиколуваат Земјата за час и пол, но половина од времето глетката е темна, бидејќи тој дел не е моментално осветлен и владее ноќ. Во тие делови, сепак се гледаат молњи или светлина од поголемите градови.
Снимката е направена во ниска орбита, на 420 километри од Земјата.