Македонија ги отвори границите

Во Македонија  е дозволен влез на МКД државјани и странци со регулиран привремен или постојан престој во РСМ под услов истите да имаат валиден негативен  PCR  тест (изработен од нос и грло), не постар од 72 часа од денот на издавањето на тестот со што истите добиваат Наредба и пополнуваат изјава за домашна самоизолација во траење од 14 дена.

815

Почнувајќи од  денеска, среда  отворени се сите гранични премини во Македонија наменети за меѓународен граничен сообраќај при што условите за влез и излез на наши и странски државјани се останати непроменети, соопшти  МВР.

Согласно Одлуките и мерките на Владата:






– МКД државјани можат да остварат непречен излез од РСМ, при што на граничен премин пополнуваат изјава со која изјавуваат дека РСМ поради настанатата состојба со ковид -19 нема да биде во можност навремено да им помогне околу нивното враќање.

– Во Македонија  е дозволен влез на МКД државјани и странци со регулиран привремен или постојан престој во РСМ под услов истите да имаат валиден негативен  PCR  тест (изработен од нос и грло), не постар од 72 часа од денот на издавањето на тестот со што истите добиваат Наредба и пополнуваат изјава за домашна самоизолација во траење од 14 дена.

– На влез во Македонија , МКД државјани и странци со регулиран привремен и постојан престој кои немаат PCR тест се упатуваат во задолжителен државен карантин во времетраење од 14 дена ( истите со организиран превоз и полициска придружба се упатуваат во некој од претходно утврдени  објекти).

– Странските државјани  можат  да транзитираат низ територијата на РСМ (преку сите копнени гранични премини), под што се подразбира влез на еден граничен премин а излез на друг граничен премин при што имаат обврска при транзитот  да не се исклучуваат  од соодветниот автопат или локален пат и транзит да се реализира за најмногу 5 часа, за што пополнуваат соодветна изјава.

 

Поврзани содржини