Македонија е „топовско месо“ според букмејкерите на трите средби на ЕП
Навивачите очекуваат најмалку една победа и еден нерешен резултат во првите три меча на ЕП од Пандев, Барди, Елмас, Трајковски и другите херои од репрезентацијата.
И светските и регионалните и македонските обложувалници даваат високи коефициенти за победи или нерешени резултати на Македонија во трите меча од првиот круг на европското првенство во фудбал што започнува за еден месец.
На сите три меча со Холандија, Австрија и Украина Пандев и другарите се прикажани како „топовско месо“ односно однапред се осудени на порази.
Така мислеше и Германија пред историскиот пораз од Македонија пред еден месец во квалификациите за светското првенство 2022.
Фановите не им веруваат на ниските коефициенти на обложувалниците.
Тие во коментарите очекуваат најмалку една победа и еден нерешен резултат во првите три меча на ЕП од Пандев, Барди, Елмас, Трајковски и другите херои од репрезентацијата.