МАКЕДОНИЈА Е ТЕЖОК ПРОТИВНИК Русите не нè посакуваат во баражот за Светското првенство

Според руските медиуми, идеален противник на Русија во полуфиналето би била репрезентацијата на Македонија која се смета за аутсајдер, но поранешниот руски репрезентативец Александар Самедов, очигледно не мисли така.

970

Откако ја испуштија шансата преку Хрватска да се пласираат директно на Светското првенство во Катар следната година, репрезентацијата на Русија сега треба да игра во баражот и да се бори за првото место кое води на Мундијалот.

Според руските медиуми, идеален противник на Русија во полуфиналето би била репрезентацијата на Македонија која се смета за аутсајдер, но поранешниот руски репрезентативец Александар Самедов, очигледно не мисли така.






Тој вели дека македонската репрезентација не е воопшто лесен противник иако на хартија важи за аутсајдер во споредба со останатите противници.

– Сите натпревари во баражот се тешки, бидејќи секоја репрезентација со сите сили ќе се бори за да обезбеди билет за Катар. Според мене, Полска е најтешкиот ривал за Русија, но тешко ќе биде и против Македонија. Оваа репрезентација не случајно обезбеди место во баражот – изјави некогашниот играч на Спартак и на Локомотив Москва.

Поврзани содржини