МАКЕДОНИЈА Е РАЈ ЗА БУГАРСКИТЕ ЦАРЕВИ Српските медиуми го коментираат друштвото „Цар Борис Трети“ од Охрид
Можеби најинтересно е што се изнесува фактот дека последен пат Борис Трети разговарал со Адолф Хитлер во август 1943 година, кога тој одбил да се вклучи во војната против СССР. Набргу по таа средба царот Борис починал од срцев удар, а голем број бугарски историчари тврдат дека бил отруен.
Во текст со наслов „Северна Македонија, општество на мртвите цареви“, српскиот портал РТС од свое гледиште ја раскажува приказната за регистрирање на спорното здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид и клубот „Ванчо Михајов“ во Охрид. Во написот се даваат низа податоци за фашистичките врски на цар Борис.
Меѓу другото, РТС пишува дека Имињата дадени на здруженијата на припадниците на бугарското малцинство во Северна Македонија предизвикаа сериозни протести кај Македонците и кај еврејската заедница. Потоа се дадени изјави од заедницата и од здружението кое негира дека протежира фашизам.