Македонија е осма во Европа по бројот на починати од ковид-19 на милион жители – прва е Белгија, последен е Ватикан
Прва земја во Европа со најмногу смртни случаи на милион жители е Белгија, втора е Сан Марино и трета е Андора. Потоа следуваат Шпанија, Италија, Велика Британија и Франција.
Македонија е на осмото место во Европа според бројот на починати од ковид-19 на милион жители, покажуваат податоците од специјализираниот сајт „Ворлдметар“.
Прва земја во Европа со најмногу смртни случаи на милион жители е Белгија, втора е Сан Марино и трета е Андора. Потоа следуваат Шпанија, Италија, Велика Британија и Франција.
Веднаш зад Македонија се наоѓаат Босна и Херцеговина, Црна Гора и Чешка.
Светската статистика, пак, покажува дека Македонија се наоѓа на 16. место по бројот на смртни случаи на милион жители.
Прва земја во светот со најмногу смртни случаи на милион жител е повторно Белгија, втора е Сан Марино, па следуваат Перу, Андора, Шпанија, Италија, Аргентина…
Зад Македонија се наоѓаат Босна и Херцеговина, Црна Гора, Колумбија, Панама, Чешка, Ерменија, Шведска…