МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОДИ НА ЕВРОВИЗИЈА Во Торино ќе има спектакл за 200 милиони гледачи во светот
Вкупно 41 земја ќе настапи на натпреварот кој ќе се одржи во Торино, во мај 2022 година.
Македонија ќе учествува на популарната музичка манифестација Евровизија 2022, која ќе се одржи во Италија. Веста дека нашата земја ќе има свој претставник ја објавија организаторите на настанот на официјалната страница на ЕБУ.
Вкупно 41 земја ќе настапи на натпреварот кој ќе се одржи во Торино, во мај 2022 година. Од ЕБУ порачаа дека нивните тимови веќе работат на организацијата и се подготвуваат да ги дочекаат делегациите на земјите учеснички, најавуваат спектакл кој се очекува да го следат околу 200 милиони гледачи ширум светот.
Јавниот радиодифузен сервис МРТ, нема излезено со информација за јавноста околу најавениот настан.