📽 „МАКЕДОНИЈА Е ЛУДА, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ АНГЛИСКИ“ Американец со „југо“ ја обиколи поранешна Југославија

Тиктокерот Џустус Рид (Justus Reid) во Македонија доживеал најголем културолошки шок, а вели дека цел свој живот не видел толку споменици како во Скопје.

840

Тиктокерот Џустус Рид (Justus Reid) 9 месеци ги обиколувал земјите од поранешна Југославија и тоа во „југо“, а сега ги споделил своите впечатоци од секоја земја, вклучително и Македонија.

Словенија му се допаднала, иако истакнал дека не е добар избор доколку сака да излезе од комфор зоната.






– Словенија културолошки најмногу ме потсетува на Америка. Блед е прекрасен, а Љубљана е најмодерниот балкански град – вели тиктокерот.

Црна Гора ја споредил со Северна Дакота, а слична му била и Србија. За Србија вели дека има прекрасна историја, а особено му се допаднал Нови Сад.

– Чист е и лесен за обиколување – изјави Рид.

Во Македонија доживеал најголем културолошки шок, а вели дека цел свој живот не видел толку споменици како во Скопје.

– Македонија е луда, таму го почувствував најголемиот културолошки шок. Јазикот е поинаков од тој во останатите екс-ју држави, а тешко е да најдете и некој којшто знае да зборува англиски – истакна тој.

Во Босна и Херцеговина го воодушевила храната, но исто така зборуваше и за бурната историја.

– Лузните од војната сѐ уште останале, но овие луѓе се силни – изјави тиктокерот.

Говорејќи за Хрватска, најмногу се фокусирал на морето кое искрено препорачува сите да го посетат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justus Reid (@justus_reid)

Поврзани содржини