МАКЕДОНИЈА ЌЕ КУПУВА ПРИРОДЕН ГАС ОД САД Божиновска потпиша договор со кој се зацврстува енергетската позиција на земјава во регионот

Документот предвидува и конкретни чекори за развој на инфраструктурата, подобрување на транспарентноста на пазарите на гас, со што се отвора можност за користење на јавни и приватни финансиски инструменти, вклучително и поддршка од меѓународни финансиски институции и извозни кредитни агенции.

72

Во рамки на официјалната посета на висока владина делегација на САД, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас, соопшти министерството за енергетика и рударство.

Со овој договор, велат од Министерството,  Македонија ја зацврстува својата позиција во регионалните енергетски текови, со јасна ориентација кон поврзување со европските пазари, што директно придонесува за економска стабилност и долгорочен развој.






– Меморандумот ја потврдува заедничката заложба за: диверзификација на изворите и рутите за снабдување со природен гас, зголемување на отпорноста на енергетскиот систем, обезбедување стабилен, сигурен и достапен гас за државата, јакнење на регионалната поврзаност и интеграција на пазарите – велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека документот предвидува и конкретни чекори за развој на инфраструктурата, подобрување на транспарентноста на пазарите на гас, со што се отвора можност за користење на јавни и приватни финансиски инструменти, вклучително и поддршка од меѓународни финансиски институции и извозни кредитни агенции.

Божиновска меморандумот го потпиша со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау.

Во рамки на Стратешкиот дијалог, министерката Божиновска учествуваше на повеќе тематски сесии и реализираше билатерални средби со високи претставници на американската администрација.

Поврзани содржини