МАКЕДОНИЈА Е ФЕНОМЕН И СПОРЕД ВРЕДНОСТА НА ФУДБАЛЕРИТЕ Португалија вреди 775 милиони евра, а Македонија „само“ 49 милиони евра
Селекцијата на Португалија е на врвот на табелата со вредност од неверојатни 774 милиони евра, а тоа значи дека Португалците имаат за 15 пати повредна селекција од нашата.
Македонската фудбалска репрезентација обезбеди место во баражот за Светското првенство во Катар идната година, но своите противници во баражот ќе ги дознае од дното на табалата која ја прикажува вредноста на секоја фудбалска репрезентација.
Од вкупно 12 репрезентации кои ќе играат во баражот, нашата репрезентација е осамена на дното на табелата, бидејќи вкупната вредност на нашите фудбалери се проценува „само“ на 49 милиони евра.
Селекцијата на Португалија е на врвот на табелата со вредност од неверојатни 774 милиони евра, а тоа значи дека Португалците имаат за 15 пати повредна селекција од нашата.
На второто место е репрезентацијата на Италија, која вреди 663.5 милиони евра, а на третото е селекцијата на Полска со вредност од 293.3 милиони евра. Потоа следуваат селекциите на Турција (272.8), Шкотска (257.5), Шведска (202.9), Украина (187.8), Русија (153.3), Велс (144), Австрија (121.7), Чешка (117.8) и Македонија (49).
Во продолжение, погледнете ја листата: