Австрија ќе даде 5 проценти од своите вакцини и за земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и Македонија. Ова го изјави австрискиот амбасадор Георг Вуцас во новогодишната честитка.
„На новата 2021 година гледаме оптимистички. Австрија не само што ја поддржува Северна Македонија со итно потребните медицински средства. Австрија исто така ќе даде на располагање 5 отсто од сопствените дози на вакцини против ковид-19 за Западен Балкан. Европската Унија не би била комплетна без интеграцијата на Западен Балкан. Токму затоа Австрија, во рамки на процесот на интеграција, максимално се залага за што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција“, наведе Вуцас.