МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ КАМАТА ПОНИСКА ОД 3,5% ЗА БРИТАНСКИОТ ЗАЕМ Според Николоски периодот на отплата ќе биде над 15 години
Србија сега гради автопат Белград-Сараево со каматна стапка 3,5%. Ние ќе имаме доста пониска, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, велејќи дека Македонија дефинитивно ќе добие рок на отплата над 15 години за британскиот заем.
Македонија дефинитивно ќе добие рок на отплата над 15 години за британскиот заем во врска со Договорот со Велика Британија, истакна вицепремиерот Александар Николоски во гостување на „Топ Тема“ на Телма.
Николоски вели дека таквиот грејс период е многу поатрактивен од она што како услов го има Србија.
– Србија сега гради автопат Белград-Сараево со каматна стапка 3,5%. Ние ќе имаме доста пониска – истакна вицепремиерот и министер за транспорт најавувајќи дека следната недела ќе отпочне процесот на изнаоѓање финансии за проектите од Договорот.
– Во Штип ќе се заврши изградбата на Клиничката болница, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом. На овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во Кичево, заедно со целосно нов Здравствен дом. За сите проекти се добива сума од некаде 190 милиони евра, за сите заедно – додава вицепремиерот истакнувајќи дека целиот процес на набавки ќе биде транспарентен.