Македонија ќе добие 5.850 дози вакцини од „Фајзер“ во февруари

Вакцината на „Фајзер“ се чува во фрижидери на -70 степени Целзиусови, кои во нашата земја ќе пристигнат месецов, додаваат од Здравство.

531

Македонија ќе добие 5.850 дози вакцини на „Фајзер“ против ковид-19 во февруари, а до крајот на годината ќе се испорачаат нарачаните 800.000 дози, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во директни преговори со овој производител обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата производител на вакцини против ковид-19. Првите 5.850 дози вакцини на „Фајзер“ ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март и во април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, соопшти Министерството.






– Нашата земја навремено почна со подготовките за вакцинација против ковид-19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона. Вакцината на „Фајзер“ се чува во фрижидери на -70 степени Целзиусови, кои во нашата земја ќе пристигнат месецов – додаваат од Здравство.

Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на „Фајзер“.

Македонија ќе добие 800.000 вакцини против ковид-19 од производителот „Фајзер“.

Поврзани содржини