МАКЕДОНИЈА Е ДАЛЕКУ ПОБЕЗБЕДНА ОДОШТО БЕШЕ ПРЕД 2 ГОДИНИ Истрагата за убиството во Батинци сè уште е во тек

Во врска со обвинувањата од СДСМ дека е нарушена безбедноста во Македонија, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски порача дека би било добро опозицијата кога обвинува да прави компарација со претходно и реално да ги согледа фактите.

649

Македонија е далеку побезбедна отколку што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите, а опозицијата нормално е дека ќе си дава изјави такви какви што си дава и нормално дека ќе обвинува, затоа што тоа и е работа, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во врска со обвинувањата од СДСМ дека е нарушена безбедноста во Македонија, Тошковски порача дека би било добро опозицијата кога обвинува да прави компарација со претходно и реално да ги согледа фактите.






– Добро би било да има додадена вредност на тоа што го прави опозицијата, да не е само паушално и да не се само празни обвинувања, за да бидат присутни во етерот. Но, тоа е нивна работа и нека си оценат како ќе продолжат понатаму – рече Тошковски.

Прашан во врска со убиството во Батиници, кое е второ убиство за една година во тоа скопско село, Тошковски рече дека истрагата сè уште е во тек.

– МВР го расветли случајот од аспект на сторител и преземени дејствија. Постапуваме во насока на идентификување на локацијата на сторителот и не би сакал да навлегувам повеќе во детали. Не би можел да изнесам повеќе информации – изјави Тошковски.

Поврзани содржини