МАКЕДОНИЈА Е ДАЛЕКУ ОД ЕКОНОМСКИОТ ПРЕПОРОД НА СРБИЈА Земјата заостанува и зад Косово
Сè повеќе инвеститори ја заобиколуваат земјата, а причинител за тоа е големата корупција, која ја нотираше и Транспаренси интернешенал, но и претставниците на американските компании, за што пишуваше и во Извештајот на Стејт Департментот, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ се загрижени поради тоа што во земјава подолг период се регистрира намален прилив на директни странски инвестиции(ДСИ). Од опозициската партија велат главен виновник за тоа е корупцијата функционерите од власта.
„Со СДСМ на чело Македонија со 7 пати помалку инвестиции од Србија, и 10% помалку од Косово, државата е последна во регионот по прилив на СДИ. Со 244 милиони евра прилив на СДИ за првата половина од 2021 година, земјава е на дното во регионот. Србија во истиот период привлекла инвестиции од над 1.7 милијарди евра, Албанија над 460 милиони, Косово близу 280 милиони евра. Македонија е убедливо најслаба по привлечени СДИ, а пред само неколку години беше на врвот на листите во Европа и светот. Сè повеќе инвеститори ја заобиколуваат земјата, а причинител за тоа е големата корупција, која ја нотираше и Транспаренси интернешенал, но и претставниците на американските компании, за што пишуваше и во Извештајот на Стејт Департментот“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата тврдат дека водена од актуелната Влада, Македонија тоне на економски план.