„МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА“ Ангел Џамбаски провоцира со графити и постови

Џамбаски ги повика жителите на Благоевград да излезат на протест поради отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.

216

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој е познат по провокациите и навредите кон Македонија, вчера побара од жителите на Благоевград да излезат на протест поради отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.

Џамбаски, кој е потпретседател на партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, на Фејсбук објави фотографии од надвозници во близина на Благоевград, на кои неговите активисти поставиле транспаренти со натпис „Македонија е бугарска“.






ВМРО-БНД за денеска најави протест против отворањето на македонскиот културен центар, но според најавите тој нема да се одржи кај клубот „Никола Вапцаров“ туку на друго место во Благоевград.

Поврзани содржини