МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПРВА ШТО ЌЕ ИМА „РОАМИНГ КАКО ДОМА“ СО ЕУ Министерот Андоновски очекув тоа да се случи уште во 2006 година

Тој потврди дека Европската комисија пред две недели официјално го отворила процесот за сите држави од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, со напомена дека секоја од нив ќе мора поединечно да ги исполни условите пред започнување билатерални преговори.

347

Министерството за дигитална трансформација ги финализира активностите за усогласување со европската регулатива за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија, а паралелно се отвора и прашањето за прецизирање на законската рамка за инфлуенсерите и креаторите на содржина – изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Тој потврди дека Европската комисија пред две недели официјално го отворила процесот за сите држави од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, со напомена дека секоја од нив ќе мора поединечно да ги исполни условите пред започнување билатерални преговори.






Министерот очекува Македонија да биде првата држава во регионот која ќе ги исполни сите критериуми, по што ќе може да влезе во преговори со Европската комисија, која ќе биде посредник пред европските телекомуникациски оператори.

– Јас очекувам дека тоа ќе се случува во 2026, но динаминката ќе заврши од Европската комисија, ние сме подготвени – посочи министерот.

Во однос на регулацијата на инфлуенсерите, министерот информира дека вчера е одржана средба со претставниците на Здружението на инфлуенсери, а веќе е закажан состанок и со директорот на Агенцијата за аудио‑визуелни медиумски услуги.

– Има една недореченост во законот, кој што не прави разлика помеѓу „платформа“, како Инстаграм, Фејсбук, Јутуб и „креатор на содржини“, што ја користи оваа платформа да пласира своја соджрина. Ќе видиме дали ќе треба да се оди со дополнителни менувања на правилникот, или, пак, ќе мораме да одиме со законска измена која ќе го разјасни овој дел за да бидеме на линија на тоа што се европски барања, затоа што во ЕУ се прави јасна дистинкција за тоа што е платформа а што се креатори на содржини – појасни министерот.

Поврзани содржини