МАКЕДОНИЈА ДОЖИВЕА ДЕБАКЛ ВО УНГАРИЈА Кошаркарите поразени со 38 поени разлика
Најефикасни на натпреварот беа Марсело Понго кај Унгарија и Џејкоб Вајли кај Македонија, двајцата постигнаа по 15 поени.
Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби убедливо на гостувањето во Унгарија со 96:58. Резултат по четвртини: 19:18; 34:19; 17:14 и 26:7.
Резултатот беше неизвесен само во првиот период кога противникот имаше предност од еден поен 19:18. Но, потоа играта на македонскиот тим се распадна пред се во одбраната кога унгарските кошаркари постигнаа 34 поени. И во третиот период предноста беше зголемена, а во последната четвртина Македонија постигна само седум поени.
Најефикасни на натпреварот беа Марсело Понго кај Унгарија и Џејкоб Вајли кај Македонија, двајцата постигнаа по 15 поени.
По трите одиграни натпревари во групата Македонија има два пораза и е на третото место на табелата. Романија е прва со две победи, а Унгарија има победа и пораз.
Македонија следниот натпревар го игра на 13.август во Орадеа против Романија на гостински терен.