МАКЕДОНИЈА ДОБИВА СВОЈА „СИЛИКОНСКА ДОЛИНА“ Најмодерен технолошки парк ќе се гради во Скопје, најави Владата

На кампусот на УКИМ во Скопје ќе се гради модерен технолошки парк – фокусот е на иновации, истражување, стартапи и економски раст.

4,649

Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за отпочнување активности за основање на Мултифункционален научно-технолошки парк, кој ќе претставува национален центар за иновации, знаење и нови технологии, со цел креирање на производи и услуги со висока додадена вредност.

Како што соопшти владината прес-служба, анализата покажала дека техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е идеална локација за поставување на ваков парк. Локацијата нуди интеграција со академската средина, пристапност преку патна, автобуска и железничка инфраструктура, близина до автопат и аеродром, како и потенцијал за привлекување домашни и странски компании, инвеститори и стартапи.






„Паркот ќе претставува катализатор за економски раст, соработки меѓу наука и бизнис, и регионален развој“, соопшти Владата.

Планирано е објектот (или комплексот) да располага со современа електрична и телекомуникациска инфраструктура, како и со флексибилни и функционални работни простори, прилагодени на потребите на иноватори, истражувачи, студенти и претприемачи.

Овој технолошки парк се очекува да стане центар за трансфер и комерцијализација на знаење, како и клучна алатка за задржување млади таленти и поддршка на претприемничкиот дух во земјава.

Владата, на предлог на Министерството за транспорт, ја разгледа и усвои Информацијата за отпочнување со реализација на неколку улици во Општина Гевгелија. Тоа се: реконструкција на главна улица во село Моин, реконструкција на улица „Атанас Ѓуров“ во село Прдејци и реконструкција на улица „Иван Марков Братот“ Богородица, како и проектот: Изградба на водоснабдителен систем во село Љубанци и село Љуботен во Општина Бутел.

Поврзани содржини