МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ГРАНТ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА РЕФОРМИ И РАСТ Одобрен ѝ е и кредит од вкупно 5,7 милиони евра

Според оценката на Европската комисија, целосно исполнети се два чекори: донесувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и измени на Законот за трговски друштва. За останатите чекори, Комисијата констатира дека не се целосно реализирани и за нив е предвиден грејс период до 24 месеци односно до декември 2026 година.

44

Европската комисија ја одмрзна исплатата на првата транша од парите наменти за земјава од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. На земјава ѝ се одобрени  2,3 милиони евра како безусловна помош и 2 милиони евра како кредит кои ќе бидат достапни преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, како и 3,7 милиони евра што го сочинуваат преостанатиот дел од кредитот наменет за директна буџетска поддршка.

Во оваа сума не се калкулирани приближно 3,6 милиони евра кои се определени за компензирање на дел од паричните средства кои државата претходно ги доби како предфинансирање.






Паричните средства се загарантирани по доставеното Барање со потребната документација од страна на Министерството за  европски прашања.

Барањето опфаќа реформи во повеќе области. Во управување со јавни финансии беа предвидени законски измени за поефикасно и транспарентно буџетско управување, во енергетика се воспоставени нови управувачки структури за спроведување на Планот за праведна транзиција, во деловна средина се воведени нови правила за независност во управувањето со државните компании, а во областа владеење на правото се предвидени мерки за редовно пополнување на позициите на судии и јавни обвинители согласно долгорочните проекции на надлежните совети.

Според оценката на Европската комисија, целосно исполнети се два чекори: донесувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и измени на Законот за трговски друштва. За останатите чекори, Комисијата констатира дека не се целосно реализирани и за нив е предвиден грејс период до 24 месеци односно до декември 2026 година.

Според Министерството за европски прашања, ова претставува 40% реализација на чекорите односно 50% во однос на средствата.

-Тоа значи дека државата има дополнително време за нивна реализација и ослободување на останатите средства од вкупните алоцирани средства кои се во висина од околу 17,1 милиони евра – велат од Министерството за европски прашања.

Поврзани содржини