Македонија добила само 500 ампули ремдесивир, што е доволно за 83 пациенти

Според проста пресметка, за еден пациент се даваат 6 дози од овој лек.

891

Македонија добила само 500 ампули од антивирусниот лек ремдесивир, што е доволно за 83 пациенти, одговори денеска Министерството за здравство на прашање од Плусинфо.

– Веќе трета недела се дава интравенски, а стигнати се 500 ампули кои се доволни за околу 83 пациенти. Од почеток на Солидарити студијата лекот ремдесивир е во листата на избор за третман заедно со сите останати лекови – велат од Здравство.






Министерството штедеше на зборови и не одговори на кои пациенти заболени од ковид-19 им се дава лекот ремдесивир и дали ќе има за сите на кои ќе им треба. Според проста пресметка, за еден пациент се даваат 6 дози од овој лек.

Од Здравство додадоа и дека лекот интерферин, кој е дел од студијата „Солидарити“, е планирано да пристигне во наредните неколку дена и да се вклучи во тераптијата за пациентите со ковид-19 кои се лекуваат во болнички услови.

Плусинфо вчера објави со кои лекови се лекуваат пациентите со ковид-19 кои се на болничко лекување.

– Од ГОБ „8 Септември“ информираат дека располагаат со количина на актемра, која се дава при цитокинска бура, фавипиравир во одредени количини, а од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби информираат дека пациентите се лекуваат со пулсно кортико, актемра и дополнително на ова со рутински принципи за лекување – одговорија од Здравство.

Поврзани содржини