МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ДЕФИНИРА КАКО ДРЖАВА НА НЕЈЗИНИТЕ ГРАЃАНИ Алтернатива смета дека сега е момент за редифинирање

796

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, со уставните измени да се промени и унитарниот модел на државата според хрватскиот модел, така што Преамбулата на Уставот да биде во духот на зајакнување на македонската национална држава, иако доаѓа во време кога оваа партија мисли само на електорални придобивки, ние мислиме дека ако има такви предлози и подготвеност, ова е можност за сериозно отворање на нашата тема за редефинирање“, се вели во денешната реакција на Алтерантива на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за примена на хрватскиот модел.

„Иако предлогот на македонската опозициска партија е ретрограден и како таков е неприфатлив за нас, сакаме да ја потсетиме јавноста дека, гледајќи ја асиметријата што постои меѓу мултиетничкото општество и моноетничката држава – одамна предложивме да се направи редефинирање на Преамбулата на Уставот, на начин што таа би се одразувала на општеството на нашата земја. Затоа, побаравме, во услови на мир и без ниту еден притисок, да ја отвориме оваа тема и да дискутираме дали сме успеале да изградиме кохезивна држава помеѓу општеството и државата“, се наведува во реакцијата.






Алтернатива вели дека Северна Македонија има едно поголемо мнозинство (етничките Македонци- 54%), второ мнозинство (Албанците 30%) и група на малцинства (6-7%).

„Нашиот предлог беше Северна Македонија да се дефинира како ‘држава на македонската нација, албанската нација и другите етнички заедници’. За да бидеme креативни na оваа тема, предложивме и тоа Северна Македонија да се дефинира во својата Преамбула како ‘држава на нејзините граѓани’, отстранувајќи ги сите етнички атрибути од градењето на државата“, соопшти Алетрнатива.

Поврзани содржини