МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ЕНЕРГЕТСКИ НЕЗАВИСНА Ако добро се менаџира, можеме дури и да извезуваме струја, категоричен е Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ има јасен план за модернизација на производствените капацитети, вклучувајќи ги РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕ-ТО и сите помали.

981

Со правилно менаџирање на ресурсите и со ангажирање на сите производствени капацитети, Македонија би можела целосно да ги задоволи сопствените потреби на струја, па дури и да извезува.

Ова го изјави во Отвореното студио на МТВ лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во разговор со новинари од националните телевизии.






– Македонија некогаш годишно произведуваше околу 6.500 гигаватчасови електрична енергија. За споредба, минатата година ние произведовме 3.100 – 3.200 гигаватчасови. Компаниите МЕПСО и ЕЛЕМ се меѓу најголемите загубари, со загуби од стотици милиони евра – објасни Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ има јасен план како да се поправи состојбата, рече Мицкоски, кој подразбира модернизација на производствените капацитети, вклучувајќи ги РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕ-ТО и сите помали.

– Македонија не мора да биде увозно зависна од струја. Независноста на една земја денес најмногу се цени по тоа колку е енергетски независна – нагласи тој.

Поврзани содржини