Македонија без Стоилов на гостувањето во Данска

Стручниот штаб ќе одлучува дали за оваа средба ќе патува со двајца кружни напаѓачи, Жарко Пешевски и Никола Марковски или во тимот ќе го приклучи Михаил Аларов.

457

Ракометната репрезентација на Македонија вчера во Скопје славеше со 33:29 против светскиот првак Данска, но по одигрувањето на натпреварот на повреда на грбот се пожалил Стојанче Стоилов и поради тоа тој нема да биде во комбинација за вториот дуел во Алборг што се игра в недела.

По отсуството на Стоилов се очекува селекторот Кире Лазаров и стручниот штаб да решат дали во Данска ќе се патува со двајца кружни напаѓачи, Жарко Пешевски и Никола Марковски или во тимот ќе го приклучи Михаил Аларов.






Конечната одлука се очекува да се донесе по вечерашниот тренинг или непосредно пред заминувањето за Алборг.

Натпреварот со Данска се игра в недела со почеток од 16:00 часот.

Поврзани содржини