Македонската одбојкарска репрезентација вечерва со 3:0 ја победи Црна Гора на Европското првенство, на кое еден од градовите домаќини е и Скопје.
Првиот сет одбојкарите го добија со 25:22, вториот со 25:19, а третиот со 29:20 поени.
Ова е втор натпревар за македонските одбојкари и втор триумф по стартниот што го имаа над репрезентацијата над Данска.
Со втората победа на Европското првенство и освоени шест бода, македонската репрезентација е на пат кон историско осминафинале, со обезбеден пласман во елиминациската фаза, што е најголемиот успех во историјата на македонската одбојка.
Утре нашата репрезентација ќе се соочи со Полска која е еден од најсериозните фаворити за освојување на еден од трофеите.