МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ ЦРНА ГОРА ВО МЕЧ СО ТРИ ПОЛУВРЕМИЊА Успешна проверка за македонските ракометари во подготовките пред ЕП 2024
Контролниот натпревар во Стара Пазова се играше во необичен формат со три полувремиња од по 30 минути, наместо стандардните две, а Македонија славеше победа против Црна Гора со 54-51 (22-17, 39-37). 15-14).
– Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките. Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар – изјави селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.